Англиски замок од 13 век се продава за 11 милиони фунти

Од:

Замокот Лимп се наоѓа во Округот Кент во Велика Британија, има несекојдневен поглед на Ламанш и низ својата историја имал разни цели…

Тоа е здание од 13 век, коешто изминативе 20 години се користело и за свадби и други свечености. Претходно, освен како благородничка резиденција, се користело и како воен објект. За време на Втората светска војна, оттука се набудувале ракетите В1 соборени од Британците.

По завршувањето на војната, замокот го купи Хенри Бичам, кој додал една кула. Овој историски објект го посетиле бројни познати личности, државници, музичари… Пол Макартни тука снимил дел од својот албум „Back to The Egg“, со својот бенд „Вингс“.

Сегашниот сопственик, Роберт Тејлор го купи замокот во 2011 година, а сега го продава за 11 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска