Андрогениот модел Андреј Пејиќ се појави во 2011 година како маж кој носел женски колекции на познатите дизајнери како што Марк Џејкобс и Жан Пол Готје.
Неодамна во Њујорк, Андреј Пејиќ, носејќи ја огрлицата околу својот врат, која го означувала неговото име, предизвикал изненадување кај секого. Наместо Андреј, пишувало Андреја, и така андрогениот модел со скриена порака открил дека направил операцијата на промена на полот.
– Сакам да ја споделам својата приказна со светот, бидејќи мислам дека имам општествена одговорност. Се надевам дека ако бидам отворен во тоа, тоа ќе стане помал проблем. Секогаш сум сонувал да бидам девојка, а едно од моите најрани сеќавања се врти околу здолништето на мајка ми, кога се обидував да бидам балерина – раскажува Андреј (22) за магазинот „Пипл“.