Анџелина Џоли на суд поради филмот „Во земјата на крв и мед“

Од:

Актерката Анџелина Џоли одлучи правдата да ја побара на суд и да се одбрани од оние кои сметаат дека нејзиниот филм „Во земјата на крв

и мед“, е плагијат. Таа постапката ќе ја покрене заедно со продуцентската куќа ГК Филмс и дистрибуциската куќа Филм дистрикт.

Само неколку недели пред да биде прикажан нејзиниот „првенец“ во филмски сали, актерката ја нападна Џејмс Брадок, односно Јосип

Кнежевиќ со тврдења дека нејзиниот филм е плагијат на неговиот роман The Soul Shatering издаден во 2007 година.

Кнежевиќ изјави дека неколкупати се сретнал со продуцентот Ерик Саркич за да се разгледа можноста приказната од книгата да биде филм,

и оти бил шокиран кога слушнал оти истиот продуцент во соработка со Џоли работи на филм според идентична приказна.

Анџелина тврди дека обвинувањата се невистинити и инспирацијата за филмот ја добила работејќи како амбасадор на ОН во Босна. Како што

објави Холивуд рипорт, Анџелина и нејзините соработници „признаваат дека немаат одобрување од Кнежевиќ, но негираат дека од него

требало правно да се побара дозвола и лиценца“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата