Амстердам размислува да ја забрани марихуаната за туристите

Од:

Амстердам ја разгледува можноста да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулињата, а истовремено истражува и нови начини како да го балансира начинот на живот на населението со потребите на туристите.

Во истражувањето во кое поголемиот број од младите туристи се изјасниле дека се одлучиле за посета на Амстердам бидејќи сакале да го искусат чувството што го нудат кафулињата во кои се продава канабис.

Околу 57 отсто од лицата кои биле анкетирани истакнале дека кафулињата со канабис се важна причина за посета на Амстердам, преку 30 проценти од испитаниците истакнале дека ретко би го посетувале Амстердам доколку не е дозволено да се посетуваат таквите кафулиња, додека 11 проценти од испитаниците воопшто не би го посетиле Амстердам.

Целта на истражувањето било да се открие најпопуларната причина за посетата на Амстердам и дали туристите се уште би го посетувале доколку достапноста на еден или повеќе од овие фактори се намали или исчезне.

Имено, Амстердам во последните неколку години се обидува да го реши проблемот со прекумерниот број туристи, бидејќи градот се соочува со голем бран на туристи кои се однесуваат лошо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поларната светлост сега може да се набљудува во живо

А1он

Монако е државата во која луѓето живеат најдолго

Ана Ололовска

Половина од плажите низ светот може да исчезнат во следните 80 години

Ана Ололовска

Куќата на љубовниците во Помпеја се отвора по 40 години

Ана Ололовска

Во Амстердам еротски комплекс наместо Црвените фенери

Ана Ололовска

Во центарот на Виена лизгање на 9 илјади метри квадратни мраз

Драган Поповски