Амстердам ќе забрани бензинци и дизелаши до 2030 година

Автомобилите и мотоциклите што користат бензин или дизел ќе бидат забранети за возење во Амстердам до 2030. Градскиот совет планира да ја воведе промената како дел од иницијативата за чистење на загадениот воздух.

„Загадувањето често е тивок убиец и е една од најголемите здравствени опасности“, рече советникот задолжен за градскиот сообраќај, Шерон Дијксма, најавувајќи ја одлуката на Општината.

В година на автомобилите што користат дизел постари од 15 години ќе им биде забрането да се движат по обиколницата А10 околу главниот град на Холандија. Градските автобуси што испуштаат издувни гасови нема да возат во центарот на градот од 2022 година. До 2025 година забраната ќе важи и за реквизити што се користат за активности на вода, мопеди и лесни мопеди.

Градот планира да ги поттикне своите жители да се префрлат на автомобили на струја и водород нудејќи им станици за полнење на секој сопственик на такво возило. Се надеваат дека пазарот за половни електрични автомобили ќе се развива во наредните години.

Потребни се од 16.000 до 23.000 станици за полнење до 2025 година за да се направи овој проект одржлив со оглед на тоа дека во моментот има само 3.000 станици во градот. Поради густиот сообраќај во Амстердам, Мастрихт и Ротердам, аерозагадувањето во Холандија ги надминува европските граници на загаден воздух. Постои загриженост дека нивоата на азотен диоксид и емисиите на ПМ-честичките предизвикуваат респираторни заболувања и го скратуваат животниот век на населението.

Во Амстерам в година ќе бидат забранети сите дизел-возила произведени пред 2005 година.

Би можело да ве интересира

Што ако останете без пасошот во странство?

Куќа за еден долар близу езерото Комо

Ана Ололовска

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Ана Ололовска

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Ана Ололовска

Се продава „рајскиот остров“ на Пабло Ескобар

Ана Ололовска

Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам на друга локација

Ана Ололовска