Американски хирург го скршил прстот на статуата на Богородица во Фиренца

Од:

Американскиот турист, хирург од Конектикат, Патрик Бродерик, предизвика огорченост во јавноста во Фиренца, откинувајќи прст од 600 години старата статуа на Богородица.

Бродерик (55), од малото место Њу Ферфилд, се обидувал го спореди својот прст со прстот на мермерната скулптура во Музејот „дел Опера дел Дуомо“, кога случајно откинал парче од нејзината рака.

Бродерик веднаш бил уапсен, во присуство на неговата сопруга и двете деца и бил одведен во притвор.

Чуварот во музејот забележал дека тој премногу ја испитува раката на статуата и се обидел да го предупреди дека не треба тоа да го прави, но, за жал, реагирал предоцна.

Скулптурата во 14. или 15. век ја создал уметникот Џовани Ди Амброџо и за среќа прстот брзо бил поправен.

Бродерик се извинил за својата постапка, а музејот одлучил да не поднесува тужба против него.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска