Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Од:

Пејачката Алиша Кис и нејзиниот сопруг, музичкиот продуцент Касим Дин, попознат како Свиз Битз, ги отворија вратите од својот дом во сончевата Ла Џола, Калифорнија, на американскиот брег на Тихиот Океан.

„Ова е место за создавање соништа и дава доволно храброст да го следиш својот најлуд сон, па дури и да се биде тука е најлудиот сон“, вели Кис во видео.

Имотот, наречен „Razor House“ по шеталиштето „Рејзор поинт“ во близина, има модернистички ентериер. Откако се преселиле во вилата, парот ја преименувал во „Земја на соништата“, пополнувајќи ја со уметнички дела и студио за снимање.

Вилата има речиси 11.000 квадратни метри. Дин, како што вели, „се вљубил“ во зданието многу пред да го купи.

– Секој ѕид во оваа куќа, секој нејзин дел е скулптура. Оние прекрасни „S“-облици, закривените линии во „вселената“ над вашата глава… Тоа е повеќе како скулптура отколку архитектура, додаде тој.

Креаторот на оваа резиденција е прославениот архитект Волас Е. Канингем.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска

Лизгачка врата – совршен избор за викендички

Ана Ололовска