Албанија од воена база прави туристичка атракција

Од:

Албанија одлучи островот Сазан, поранешна воена база од времето на комунизмот, кој е полн со бункери и тунели, да го отвори за посетители со надеж дека овој јадрански остров ќе стане нова туристичка атракција.

Овој мал остров со површина од само неколку квадратни километри се наоѓа на влезот на Валонскот Залив во југозападна Албанија и е стратешка точка во Отрантскиот Канал, кој го дели Јадранското од Јонското море.

Во текот на историјата беше на цел на разни војски – римски, османлиски, грчки, италијански и германски. По Втората светска војна во 50-тите години од минатиот век албанскот комунистички лидер Енвер Хоџа го отвори островот за своите советски сојузници, кои од таму сакаа да го набљудуваат целиот Медитеран.

– Мислевме само на војна, 24 часа дневно. Психолошкиот притисок беше голем, се потсетува Михаил Љуље (61) кој 17 години поминал на малиот ридест остров во текот во периодот на комунистичката диктатура од 1947 до 1990 година.

– Советскиот лидер Никита Хрушчов рече дека тој од таму може да го контролира Медитеранот се до Гибралтар, во 1958 година за време на посетата на подморската база Пашаљман, исто така во Валонскиот Залив, каде се надевал дека ќе инсталира ракети со голем дострел и воени бродови, појаснува Љуље.

Три години подоцна, сепак раскинувањето на сојузот меѓу Тирана и Москва го заврши овој проект, но набрзо тој повторно е почнат со нов сојуз со Кинезите, кој траеше со години. Бункерите и тунелите беа изградени заштита од нуклеарни напади, што сведочи за стравување на албанскиот комунистички режим од западна инвазија.

Сазан е испресечен со повеќе од 3.600 бункери и со километри тунел и подземни објекти, а на него има и кино училиште и болница. Живеејќи во страв од надворешна агресија, која никогаш не се случи, Хоџа нареди изградба на повеќе од 700.000 бункери низ цела Албанија.

Островскиот град тврдина беше ограбен во воениот бунт против владата во 1997 година, кога луѓето ги испразнија воените складишта. Во текот на неодамнешните воени вежби на НАТО и албанската војска, островот е користен за бомбардирање, при што беа уништени неколку згради, вклучувајќи ја и вилата изградена за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, во 30-те години од минатиот век за време на италијанската окупација.

Островпт со бујна вегетција, со борови шуми, смокви, опкружен со тиркизно сина вода, важи за еден од најубавите делови на Албанија, но сега е во запуштена состојба. Албанските власти сега со помош на француски експерти настојуваат да го претворат во туристичка атракција, а првите туристи веќе го посетиле.

Директорот на Националната агенција за крајбрежје Аурон Таре рече дека островот ќе остане воена база, но отворена за посетители.

Урбанистичките планови вклучуваат изградба на музеј, центар за научни истражувања за подводниот свет и поморска археологија.

– Сазан на туристите ќе им ги понуди мистериите на комунистичка Албанија и богатото културно-историско наследство на Медитеранот, рече Таре.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска