Актерот Трет Вилијамс, кој играше една од главните улоги во филмот „Коса“ загина во сообраќајка

Од:

Актерот Трет Вилијамс, кој се прослави пред повеќе од четири децении како Бергер во филмот „Коса“, загина во страшна несреќа недалеку од својот милионски ранч.

Само неколку часа пред несреќата, Вилијамс (71) објави видео на кое ужива во косење трева, а неговиот агент потврди дека починал тоа попладне. Засега се знае дека Вилијамс го возел својот мотоцикл кога бил удрен од автомобил. Со хеликоптер бил префрлен во болница каде што починал.

По „Коса“, во која беше номиниран за „Златен глобус“, Вилијамс играше во голем број филмови и серии. Меѓу најпознатите се „Беше еднаш во Америка“, „Орелот слета“, „1941“, „Евервуд“ и други. Тој беше оженет со актерката Пем ван Сант и имаа две деца, синот Џил и ќерката Ели.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Почина возач додека возел во близина на споменикот на „Скендер Бег“ во Скопје

Горан Наумовски

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Почина Живко Павлов, бардот на македонскиот хумор и сатира

Почина Теофил Панчиќ