Актерката од серијата “Baby Reindeer” се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница

Од:

Серијата „Baby Reindeer“ на Нетфликс стана исклучително популарна веднаш по објавувањето, а вниманието на гледачите особено го привлече актерката Џесика Ганинг, која ја игра Марта.

Марта пристигнува во барот каде работи Дони, кој го игра Ричард Гада. Тој решава да ја почести со шолја чај, откако таа ќе му каже дека нема пари. Наскоро таа станува опседната со Дони.

Ликот на Марта се базира на жената која со години го демнела Гад. Ја опиша како искомплексирана личност која не била при себе и на која очајно и требало помош. Ова ја стави актерката пред тешка задача, а Гад изјави дека Ганинг направила феноменална работа.

Гунинг првпат се појави на телевизија во 2007 година во епизода од шоуто на Би-Би-Си „Тоа се Адам и Шели“. Таа одигра позабележителна улога во серијата „Доктор Ху“. Таа ја играше Стејси Кембел, која се претвора во бебе вонземјанин поради апчиња за слабеење.

После тоа глумеше во сериите „Mutual Friends”, “Life of Riley”, “White Heat”, “The Scandalous Lady W”… Ганинг и Гад ја делат страста за стенд-ап комедијата. Таа на YouTube сподели видеа од нејзините настапи кои го привлекоа неговото внимание.

“Отсекогаш мислев дека внесуваш посебен шарм на секоја улога што ја играш. Ја пофалив секоја продукција во која глумиш”, ѝ рекол тој.

Во едно неодамнешно интервју за Лос Анџелес Тајмс, таа ја нагласи важноста да се прикаже Марта како сложена личност, а не како едноставен негативец.

„Никогаш не го гледав ова како класична приказна за демнач-жртва. Мислам дека таа никогаш не сакала да биде страшна, дури и ако изгледала така“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

Нетфликс повторно ги зголемува цените

Објавен трејлерот за серијата „Гризелда“: Софија Вергара во улога на нарко кралицата

Предраг Петровиќ

„Нетфликс“ планира да направи своја верзија на „Војна на ѕвездите“

Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари поради своето недолично однесување

Ана Ололовска