Легендарниот париски споменик, стар 128 години, не можи да прими повеќе од седум милиони туристи годишно, капацитетот е максимално искористен. За да се реши проблемот со бројниот прилив на туристи, дирекцијата на Ајфеловата кула планира да ја зголеми цената на влезниците за 50 отсто, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во 2014 година кулата угости 7,1 милион туристи, максимумот кој може да го прими е 7,3 милиони, а лично градителот на кулата Густаф Ајфел мислеше дека таа може да прими 500.000 гости годишно. Со исклучок на 2003 и 2016, црни години за туризмот во Париз, кулата од деветдесетите години на дваесетиот век годишно ја посетуваат над шест милиони туристи и споменикот на еден начин „страда“. Затоа, целта е да се намали бројот на посетитетлите, но не и на приходите кои треба да се зголемат.
Дирекцијата на Железната дама, планира да уреди простор во подземјето на кулата, во кој ќе се најдат мали продавници, ресторан и можеби и бутик на музејот. Ова во споредба со забавните паркови, кои успеаа да им наметнат на своите клиенти да поминат врема во нивните паркови. Потоа нивниот талент да ги наведат клиентите на додатни трошоци во бутиците и рестораните, организрајќи го чекањето пред атракциите. Тоа е можеби моделот од кој сакаат да се инспирираат раководителите на Ајфеолвата кула.
Денес, покрај платената влезница, еден турист на Ајфеловата кула троши просечно 10 евра. Целта е тие да потрошат околу 15 евра. Инаку влезницата во Ајфеловата кула е од 11 до 17 евра, по покажувањето во септември 2015. Идното покачување од 50 отсто ќе биде на 1 ноември, но ќе бидат задржани намалените цени и социјалните тарифи.
Зголемувањето, според проценките на дирекцијата е „подносливо“ за туристите, со оглед дека тие за да качат на Бурж Калифа сега чини меѓу 32 и 88 евра, за Емпајер Стејт Билдинг 48 евра или за Лондон Еј 25, значи Ајфеловата кула и понатаму ќе биде поевтина.