Зимска минестроне супа

Од:

Подгответе ја оваа вкусна и богата супа за да си ја стоплите душата во овие студени денови…

Потребно е:
250 г шарен грав (може и од конзерва)
300 г наут
200 г пченка (од конзерва)
2-3 компири
200 г домати од конзерва (пелати)
100 г панцета
3 чешниња лук
магдонос
1 лист целер
сол и бибер
ловоров лист
мелен сув зачин

Подготовка:
– Ситно исецкајте ги или пак сомелете ги сувата панцета, лукот, листот целер, магдоносот.

– Наутот потопете го во вода и оставете го да стои преку ноќ. Гравот исто така потопете го во вода и оставете го да стои 4 часа.

– Потоа ставете ги да се варат и кога ќе почне водата да врие истуретеја и ставете нова.

– Ставете ги повторно да се варат и кога водата ќе почне да врие додадете ја смесата од зачини и панцета која претходно ја подготвивте и мелен сув зачин и оставете да се вари.

– Кога гравот и наутот омекнат, но не сосема додадете ги компирите исецкани на коцки, исецканите домати пелати, листот од ловор, пченката и бибер.

– Кога сите состојки ќе омекнат по потреба додадете сол и уште сецкан свеж магдонос.

Совет: По желба гравот и наутот може да ги испасирате.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска