Тајкун од Хонг Конг нуди мираз од 65 милиони долари на секој маж кој ќе успее да го освои срцето на неговата ќерка лезбијка. Сесил Чао оваа понуда ја најави откако неговата ќерка Жижи стапи во брак со својата партнерка Шон Еав, со која живее веќе седум години заедно.
„Не е воопшто битно дали е богат или сиромашен. Важно е да е има „голема душа“, рече 76 годишниот Чао за весникот „Саут морнинг пост“.
Овој сопственик на компанијата „Чеук Холдингс“ одбива да поверува дека неговата ќерка Жижи е лезбијка, а веста за нејзиниот брак со жена ја отфрли како лажна.
„Жижи е добра жена, талентирана и надарена со убавина. Лојална е на родителите, големодушна и се занимава со волонтерска работа“, вели тој во повикот до потенцијален зет.