10 тајни за кои жените мудро си молчат

Од:

Воопшто не е непознатo дека жените сакаат да бидат малку мистериозни и дека секоја од нив си има свои мали и големи тајни што многу умешно, но и со причина ги кријат од нивните мажи.

Сепак, во денешно време се може да се очекува, но и сите тајни можат да се откријат, па и ова:

1. Се што купиле, било да е облека, чевли или козметика чини 20 проценти повеќе отколку што ви кажале. Во прашање се мали задоволства од кои припадничките на понежниот пол тешко ќе се откажат, па затоа избираат да избегнат секаква расправија во врска со нив, криејќи колку тоа всушност чини.

2. Жените се плашат од сериозна врска и имаат страв од обврски исто како и мажите. За волја на вистината и тие многу тешко се помируваат со фактот дека целиот свој живот ќе го поминат со еден човек.

3. Страв дека ќе бидат исти како и нивните мајки. Ниту една жена не сака нејзиниот партнер да и се пожали за работите за кои таа претходно ја обвинувала мајка и.

4. Иако сакаат да бидат независни и модерни, сепак се уште се надеваат дека нивни партнер е вистинскиот човек. Еманципацијата не успеа да ја уништи желбата за маж – витезот во оклоп кој треба да ја сака и да ја штити.

5. Сакаат партнерот да биде љубоморен, но само малку. Трошка љубомора нема да повреди никого, затоа што тоа им покажува дека тој навистина се грижи за нив.

6. Поранешниот не бил толку лош во кревет, како што велат, но тоа не го кажуваат за да не го повредат егото на сегашните. Всушност, некој мораше да им помогне да станат такви „божици“ во креветот.

7. Секогаш фантазираат за „жешки“ славни момци, но тоа не значи дека навистина сакаат вие да бидете еден од нив. Исто како мажите и жените тешко можат да одолеат на овој вид фантазии.

8. Со нивните пријателки секогаш зборуваат за вашата врска, или многу повеќе отколку што тоа го признаваат. Во текот на повеќечасовните часови поминати во пиење кафе, нормално дека и вие сте една од темите на муабетот, но сепак, нема потреба за паника. За некои работи, сепак знаат да премолчат, или да излажат.

9. И најмалата работа направена од нивниот патрнер во кујната, секогаш ја забележуваат. Фраерот кој не одбива да ја заврши женската работа секогаш е потенцијален кандидат за долга врска. Покрај тоа, маж кој мие садеви им е неверојатно секси.

10. Ќе ја пофалат вашата фризура, дури и кога навистина лошо ви стои. Косата за нив многу брзо расте и секогаш постои можност за поправка.

 

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски