Пелплумот се враќа на голема врата. Блузите, фустаните, па дури и џемпери и сакоа со долен дел налик на сукња се она што секоја жена мора да го има во плакарот оваа есен и зима. Светските топ креатори “откачија“ на пепмлумот. Креаторите советуваат, носете ги на коктел забави, деловни вечери, комбиниракјте ги со “молив“ здолниште и со панталони со машки крој и нема да погрешите.
Секоја жена во својот плакар има барем едни пантолони со машки крој, но потрудете се оваа есен во вашиот гардеробер да ги ставите и ваквиот крој на пантолони но во кобалт сина боја, одлично освежување во тмурните есенски денови.
Кога сме веќе кај боите кои би го равзедриле есенското сивило, црвениот капут или пелерина би биле одличен избор. Овој капут има двојна улога, ем ќе ве стопли, ем после него навистина и не е толку важно што ќе облечете под него.
Во изборот на џемпери, ориентирајте се кон “плетенките“. Големата, впечатлива плетка во сите можни бои доминира на џемперите.
И додека гардеробата “вришти“ во јаки бои, стилот препорачуваат креаторите смирете го со црни чизми (изборот на високи до колено или ниски до глужд го оставаат на вљубениците во модата) и црна кожна чанта.
Но во изборот на “must have“ ова сезона се и спортските блузони и патики, кој креаторите не ги коомбинираале со тренерки. За “шик “ изглед и на спортската патека одберете црни шалвари во бели “туфни“ кои ќе ги искомбинирате со спортски блузон.
Што и да одберете од овој список нема да погрешите, советуваат краторите.