Зошто судијата Горан Бошевски дозволи на Груевски да му застари делото во „Траекторија“?

Од:

Судијата Горан Бошевски е претседателот на судечкиот совет во Кривичниот суд, кој дозволи со закажани во просек по две рочишта месечно да застари делото за поранешниот премиер Никола Груевски. Заедно со него во советот е и судијката Џенета Бегтовиќ.

Судењето за овој случај почнало на шести декември 2017 година и безмалку трае две години. За сето ова време вкупно се одржале 33 рочишта, или во просек по две рочишта месечно. Рочиштата во просек за овој предмет почнуваа во 10 часот, а завршуваа многу пред работното време на судот во 15 часот и 30 минути. Биле одложени шест рочишта и само едно поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова.

За споредба, во предметот за 27 април, судењето заврши за седум месеци за 16 од 33 обвинети со првостепена пресуда која ја донесе судијката Добрила Кацарска. Истата судијка ги заврши предметите „Тенк“ и „Триста“, за кој откако Апелација ѝ го врати предметот на повторно одлучување, таа повторно донесе пресуда.

Сега обвинителката Лиле Стефанова за застарувањето на делото за Груевски може да се жали до Апелација оти на Груевски му застарело делото, но жалбата е беспредметна. За поранешниот премиер не е донесена одбивателна пресуда, туку решение за запирање на постапката, а државата треба да му ги плати адвокатите.

Судијата Бошевски редовно ги игнорира сите одобренија за снимање за медиумите, кои се издадени од претседателот на Врховниот суд. Тој повторно одлучува за веќе одлучена работа од највисокиот суд. Ова е единствен предмет на СЈО за кој медиумите немаат инсерти од судницата.

Во „Траекторија“ останува да им се суди на Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во втората половина на 2012 и 2013 обвинетите презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од над 155 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он