Зоран Шапуриќ – министер без ресор

Од:

Зоран Шапуриќ, министерот без ресор во новата Влада, е роден 1958 година во Струмица. Завршил Правен факултет, магистрирал и докторирал на УКИМ, стекнувајќи звање доктор по политичко – правни науки. Има положено правосуден и нотарски испит, доцент е, вонреден и редовен професор на Универзитет Американ колеџ во Скопје.

Објавил 40 научно истражувачки меѓународни трудови, индексирани во респектабилни меѓународни научни бази, од областа на животна средина и одржлив развој, Европската унија и локалната самоуправа, од кои седум во ”Web of science”, 12 во “Thomson Reuters” и во други мешународни научни бази.

Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање, пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на собраниска комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и член на други собраниски комисии, член на собраниска делагација во Собранието на Западно европска унија и Нато,…

Работел и во Уставниот суд на Македонија како виш стручен соработник, бил помошник генерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“.

Одлично го познава англискиот јазик, а зборува и јазици од регионот. Пасивно владее и германски.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма