ЗНМ: Зошто Кежаровски е приведен пет години по објавувањето на информацијата со заштитениот сведок?

Од:

Здружението на новинарите на Македонија најостро реагира на непотребното демонстирање сила при приведувањето на новинарот Томислав Кежаровски.

– Нејасно е зошто надлежните органи го приведуваат Кежаровски пет години по објавувањето на информацијата, со која се открива идентитетот на заштитениот сведок, кога сега не постои опасност да се предизвика штета за судскиот процес и кога сведокот повеќе нема таков статус. Тие што биле најодговорни да го сокријат идентитетот на заштитениот сведок потфрлиле во својата работа – стои во соопштението.

ЗНМ смета дека ваквиот начин на однесување на институциите е непропорционален за приведување на новинар осомничен за откривање на идентитет на заштитен сведок. Од Здружението потсетуваат дека етичкиот Кодекс на новинари ги обврзува медиумските работници да водат сметка за јавниот интерес.

Членот пет од Кодексот вели дека новинарот треба да ги почитува законите на државата, но нема да објави или да сокрие што и да е во спротивност со јавниот интерес.

Доколку не постојат професионалните стандарди, порачуваат од ЗНМ, тогаш новинарите немало да откријат ниедна злоупотреба на власта. Слободата на изразувањето во демократски земји е правило, а секое ограничување е исклучок.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада