ЗНМ, ССНМ и европски медиумски организации бараат заштита на новинарите од насилство

Од:

Осуда за физичките напади врз новинарите во вчерашните инциденти во Собранието и спроведување итна истрага од страна на надлежните институции за нивно расветлување денеска побараа група претставници од меѓународни новинарски организации кои се во посета на земјава и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

– Сакаме недвосмислено и цврство да ургираме кај политичките партии и сите релевантни тела и авторитети да ги спречат сите понатамошни напади и да обезбедат сигурно опкружување за новинарите и слободата за изразување. Ги повикуваме судските и сите останати авторитети да престанат со сеприсутната практика на неказнивост. Македонските власти мора да спроведат брза и темелна истрага за сите случаи на напади кон новинарите, рече Катарина Никулчич која ја прочита заедничката изјава од Европскиот центар за прес и медиумски слободи (СЦПМФ), Европската Федерација на Новинари, СЕЕМО и OBCT.

Тамара Чаусидис која се обрати од име на ССНМ и ЗНМ истакна дека бараат од органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници

Оценките на Претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни, реагира Синдикатот

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност