ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Од:

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за попречување на новинар при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник.

Имено, во текот на вчерашната ноќ при протест на вработените на ЈП Комунална Хигиена Скопје, новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк не бил во можност да ја извршува својата работна задача односно да снима во моментот кога интервенирала специјалната единица.

Според пријавата до ЗНМ од страна на колегата Бајрами, тој вчера вечер бил присутен на јавен простор во кругот на ЈП Комунална хигиена да известува за актуелна тема, но не можел да го стори тоа, бидејќи полициските претставници се однесувале непрофесионално кон него, односно му попречиле да ја врши работата.

,,Полициските службеници ме тргнаа на страна под оправдување дека таму бил периметарот на безбедност, иако јас им укажав неколку пати дека на местото каде што ми наредија да одам не можам да имам добар кадар за снимање” ни укажа Бајрами.

ЗНМ смета дека со оваа постапка полициските службеници не се однесувале професионално и го прекршиле правото на новинарот да известува од јавен простор за теми кои се од интерес на граѓаните.

ЗНМ како еснафска организација која ги штити правата и интересите на новинарите и медиумските работници во земјава дава целосна поддршка на колегата Бајрами и во консултација со адвокатскиот тим ќе биде поднесена претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР