ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува поддршка кон колешката од МИА, Ангела Рајчевска поврзано со денешниот вербален инцидент во скопскиот суд.

„По добиена пријава денеска, при вршење на својата професија новинарката Рајчевска била вербално нападната од страна на обвинетото лице во судскиот случај „Ласкарци“. При обидот таа да побара изјава од страна на неговиот адвокат, обвинетиот и упатил пцовки и погрдни зборови со кои ја одвратил од обидот да земе изјава. Потсетуваме дека новинарите и медиумските работници се прозорецот кон јавноста и цврсто застануваме во одбрана на нивното достоинство како и нивната безбедност. Остро ги осудуваме ваквите инциденти кон нашите колеги и во исто време ги охрабруваме да ги пријавуваат за можеме гласно да реагираме и да покажеме поддршка и солидарност, велат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

Дарко Јаневски нов директор на МИА

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Мицкоски: Никој нема да биде поштеден за Ласкарци, Беса Транс и за модуларната болница во Тетово

Горан Наумовски

Тошковски: За трагедиите во Модуларната болница, Ласкарци и Беса транс има нула кривични пријави, за Кочани досега две со 34 опфатени лица