ЗНМ со осуда за изјава на Али Ахмети

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа. По вчерашната лидерска средба, Ахмети даде изјава за медиумите и по новинарското прашање на Хоџа, тој го обвини новинарот дека бил „зачинет“.

Сметаме дека јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба да се воздржат од изјави кои што на било кој начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности. Таквите изјави може да стимулираат напади и закани врз новинарите од страна на партиските припадници, а тоа со себе може да повлече многу негативни последици. Впрочем, на оваа изјава на Ахмети кон истиот новинар неодамна му претходеше повикување на информативен разговор во полициска станица во Струга каде бил распрашуван за неговите извори на информации што претставува обид за заплашување.

Го потсетуваме Ахмети дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека политичарите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

Ова не е прв случај на непримерно однесување на претставниците на оваа партија кон новинарите и затоа ЗНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за овој, како и за претходните случаи.

Ги повикуваме политичките партии сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите.

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат