ЗНМ: Сашо Мијалков да се откаже од надоместокот против новинарите на „Фокус“

Од:

Здружението на новинарите на Македонија го повикува директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков да се откаже од надоместокот од 6 илјади евра за нематеријална штета, потврдена од Апелацискиот суд против новинарите на Фокус, Јадранка Костова и Владо Апостолов.

„ЗНМ смета дека судот ја испушти можноста да донесе праведна одлука, која ќе биде во согласност со Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Праксата на овој суд укажува дека и во случаи кога судовите ќе утврдат клевета, надоместокот за нематеријална штета треба да биде пропорционален на материјалната состојба на осудените и согласно на целта што треба да се постигне. Праксата вели дека судовите во земјите членки на Советот на Европа, во најголем број на случаи кога се работи за клевета на новинар против јавен функционер, изрекуваат симболични надоместоци од едно евро.

Јавните функционери треба да имаат поголем праг на толеранција кон јавна критика, и да бидат задоволни со тоа што судот утврдил клевета. И, самата судска одлука да биде доволна сатисфакција за тужителот. Инсистирањето да се наплати досудениот надоместок ќе биде на штета на новинарите и на слободата на изразувањето.

Досегашната примена на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда покажува дека македонските судови во сите досегашни пресуди одлучуваат согласно овој закон и праксата од судот во Стразбур, освен последната во која како тужител се јавува директорот на УБК Сашо Мијалков. Ова пресуда ќе фрли дамка врз новата судска пракса која се создава после декриминализацијата на клеветата и негативно ќе се одрази на имиџот на земјата во светот, а поврзан со слободата на изразувањето“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов