(ВИДЕО) ЗНМ: Да му помогнеме на Кежаровски

Од:

Претседателот на Здружението на новинари побара помош за семејството Кежаровски кое е во многу лоша финансиска ситуација. Апелот е до сите граѓани а причина плус да им се помогне според Селмани е тоа што ниту Кежаровски ниту неговата сопруга не работат.

„Сакам да им се заблагодарам на сите новинари и граѓани што во вторникот учествуваа на протестот за солидарност со Кежаровски, каде побаравме негово ослободување.

Кежаровски две години помина низ пекол. Ни крив ни должен сето оваа време беше во истражен или домашен противор. Тој стоички ги издржа сите притисоци и затоа како новинари сме горди со него.

Меѓутоа, ваквото изживување остави тешки последици врз негово здравје и животот на негово семејство. Тој беше спречен да работи, а неговата сопруга никако да најде работа.

Сега на Кежаровски му е најпотребна нашата помош. Затоа ЗНМ ќе покрене акција за солидарност, во која новинарите и сите граѓани ќе можат да донираат средства за Кежаровски. Акцијата ќе трае еден месец, а средствата ќе можат да се уплатат на сметката на солидарниот фонд на ЗНМ.

За таа цел изготвиме банер, каде ги има сите потребни информации за да можат новинарите и граѓаните да донираат средства за Кеажровски. Банерот денеска ќе го дистрибуираме до сите медиуми и се надеваме дека во знак на солидарност ќе најдат место и простор да го објавуваат. Истиот банер ќе го објавиме и преку социјланите мрежи, со цел информацијата да стигне до што поголем број на граѓани“, изјави претседателот на ЗНМ, НАсер Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада