ЗНМ: Општина Аеродром да го повлече конкурсот за награди за новинари и медиуми

Од:

Здружението на новинарите на Македонија реагира на јавниот повик на Општина Аеродром за новинарски натпревар со кој општината на наградените новинари/медиуми ќе додели три награди во вкупна вредност од 180.000 денари.

Со огласот се повикуваат активни новинари и медиумски куќи да конкурираат со истражувачки стории на теми поврзани со европски вредности и нивна промоција на локално ниво.

Од Здружението велат дека ваквата пракса преку која општината парично наградува новинари може погрешно да биде толкувана во јавноста дека преставува поткуп со јавни пари да се влијае на медиумски содржини поврзани со работата на Општина Аеродром.

Освен ова, овој повик може да биде непристоен преседан, кој ќе ги поттикне и другите општини како и јавни институции да го следат истиот пример, а преку тоа дополнително да се наруши објективноста на медиумските известувања на локално и централно ниво и да настрада јавниот интерес, порачуваат од ЗНМ.

„Потсетуваме дека новинарите и медиумите имаат единствена нужност од транспарентна и отворена комуникација од сите институции на локално ниво како основен принцип во полза на интересот на јавноста. Следствено на тоа, мотивирање на новинари и медиуми со јавни средства да известуваат за работата на општините преставува етички конфликт кој може да значи влијание врз уредувачката политика, а тоа може да предизвика штета на медиумската сцена. Затоа ја повикуваме општина Аеродром веднаш да го повлече овој повик, со цел да не се влијае на објективното новинарство и дополнително да поттикне несакани механизми за нарушување на кревкиот медиумски пазар“ – се вели во соопштението од Здружението на новинари.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага