ЗНМ одржа средба со Манчевски за субвенционирање весници

Од:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Министерството за информатичко општество ќе организираат дебата со сите претставници на печатените национални и регионални медиуми во државава за можните модели на субвенционирање весници.

Тоа е договорено на денешната средба на ЗНМ и претставници на печатените медиуми со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, соопшти ЗНМ.

Можноста за субвенционирање на печатените медиуми во Македонија ја иницира ЗНМ со цел да се помогне на весниците да се прилагодат на новите услови за работење на пазарот, особено по појавата на интернетот и социјалните мрежи.

– Загрижени од затворањето на неколку весници, ЗНМ смета дека Владата има на располагање низа можности преку кои може да им помогне за да се преструктурираат на пазарот.Владата може да воведе разни даночни олеснувања, попусти за јавни услуги, субвенционирање за хартија, печатење или помош за развој на дистрибутивната мрежа на весниците. Такви мерки се применуваат во разни европски земји, истакнал на средбата директорот на ЗНМ, Драган Секуловски.

Претставниците на печатените медиуми предложиле разни форми на субвенции и истакнале дека без соодветна помош нивната егзистенција е доведена во прашање.

– Министерот Манчевски искажа разбирање за проблемите со кои се соочуваат весниците и се согласил заедно со Здружението да се организира дебата, на која ќе бидат повикани сите претставници на печатените национални и регионални медиуми во Република Македонија за да се разговара за можните модели на субвенционирање, се вели во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје