ЗНМ: МВР да спроведе итна внатрешна истрага за случајот со новинарката Делевска

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на службеници од Министерството за внатрешни работи кон колешката Соња Колевска-Делевска од дигиталната редакција сакамдакажам.мк, која денеска беше повикана на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, а по поплака на државна службеничка која е раководителка во Министерството за правда, велат од ЗНМ.

dobivaj vesti na viber

„ЗНМ предупредува дека повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите. Овој случај со колешката Делевска може негативно да се одрази на слободата на јавното информирање и говор. Предупредуваме дека доколку ова стане пракса може сериозно да ги ограничи новинарите слободно да известуваат за прашања од јавен интерес и истовремено да ги обесхрабри тие да работат на теми кои се поврзани со корупција и злоупотреба на власт. Затоа бараме од МВР да спроведе итна внатрешна истрага за овој случај.

По доставената покана изминатиот викенд од страна на припадници на полицијата на домашната адреса на новинарката Соња Колевска-Делевска, таа денеска беше во полициската станица Центар во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за претходно објавен текст.

Пријавата, односно повикувањето од полицијата е во врска со објавениот текст „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во министерството за правда, а откако одбила била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат“, објавен на 27ми април, 2022 на СДК.МК. Адвокатката за доцнењето на исплатата од Министерство за правда спорот го добила на Управен суд. Парите уште не ѝ се исплатени, но затоа Министерството ја избриша од регистарот на адвокати што даваат бесплатна правна помош за кои трошоците ги покрива Министерството, стои во текстот на СДК.МК.

Укажуваме дека било кој граѓанин доколку е незадоволен од начинот на известување во медиумите на располагање ги има саморегулативните механизми. Сметаме дека за случаи во кои граѓанин се жали на евентуална клевета или навреда припадници на МВР не смеат да „дисциплинираат“ новинари преку повикување на службени разговори во полициска станица“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон колешката Емилија Мисирлиевски

А1он

ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите

Ана Ололовска

ССНМ и ЗНМ: „Несмасна“ пракса на истражните органи во случаи со новинари

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

Предраг Петровиќ

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испита случајот со новинарката Соња Колевска Делевска

Ана Ололовска

МВР: Комплетно ја поддржуваме слободата на говорот и таквата пракса продолжува и во иднина

А1он