ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот за приоритетни реформи

Од:

Здружението на новинари на Македонија реагира на одлуката на Владата да ги избрише медиумските реформи од Планот за приоритетни реформи 18. Оттаму велат дека е апсолутно неприфатливо објаснувањето на Владата дека медиумските реформи ги нема во реформскиот план затоа што измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поминале владина процедура. Усвојувањето на законот за АВМУ во Собрание е заедничка обврска на Владата и на парламентарното мнозинство, оценува ЗНМ.

„Ја потсетуваме Владата дека нејзината политичка волја да се бори против политиката на неказнивост на насилството врз новинари не е остварена. Од 59 напади на новинари во изминатите пет години само во два случаи напаѓачите се казнети додека останатите се неистражени, или половично истражени.

Неискрено е што Владата се обидува да ги злоупотреби заклучоците на Советот на Европската комисија за изоставување на медиумските реформи од Планот 18. Самата ЕУ нѐ информираше дека заклучоците на Советот во никој случај не значат дека медиумските реформи не се битни за нивната одлука за започнување преговори за членство со Македонија идната година“ се наведува во соопштението на ЗНМ.

Од Здружението на новинари, бараат од Владата да ги врати медиумските реформи во планот 18 и сериозно да се посвети на, како што велат, ветувањата дадени на новинарската заедница и на Советот на Европа за корекција на Изборниот законик, кој летоска беше изменет и дополнет без дебата и нетранспарентно.

„Потсетуваме дека давањето можност со јавни пари да се финансира политичка пропаганда на партиите во медиуми за време на изборна кампања значи продолжување на политиката на владино рекламирање од претходниот режим во поинаква амбалажа. Таа мерка ќе ги одржи клиентелистичките врски меѓу партиите и сопствениците на медиумите и ги замолчува медиумите.

Законската можност Државната изборна комисија да го следи начинот на известување на онлајн медиумите за време на изборна кампања е апсолутно неприменлива и во спротивност со европските стандарди, кое може да има сериозни последици врз слободата на медиумите“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада