ЗНМ: Лустрацијата на новинари е обид да се спречи известувањето за „бомбите“

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска со реакција дека власта со актуелизирањето на лустрацијата на новинари сака да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозната политичка криза во која се наоѓа земјата.

„Лустрација на новинари во време кога опозицијата објавува прислушувани разговори кои сведочат за масовна злоупотреба на институциите од страна на владата, е брутален обид да се спречат новинарите да известуваат за овој скандал.

Непристрасна и неселективна лустрација е во интерес на новинарите и медиумите. Дилемите дека меѓу новинарите има соработници на тајните служби мора да се расчисти еднаш засекогаш. Кредибилитетот на новинарите пред јавноста мора да се заштити.

Меѓутоа, после скандалот со прислушувањето, каде жртви на следење биле и стотина новинари, довербата во институциите е изгубена и лустрацијата како процес е сериозно компромитиран.

Се сомневаме дека актуелната власт ја злоупотребува Комисијата за верификација на факти за политичка пресметка со критички новинари, со цел нивно јавно дискредитирање. Власта без широк политички консензус на неколку наврати го прошири опфатот на лицата што треба да се лустрираат, иако Уставниот суд ги иззема новинарите од овој процес.

Бараме процесот на лустрација на новинари да се прекине се додека не се формира нова Комисија за лустрација, која ќе има кредибилитет да го заврши овој процес.

Очекуваме Управниот суд да го поништи решението со кое новинарката Јадранка Костова е прогласена за соработник на тајната полицијата. Се надеваме дека судот ќе ги земе во предвид сите елементи при одлучување и ефектот што таквата одлука ќе го има врз слободата на изразувањето.

ЗНМ за ваквото непримерно однесување на Комисијата за верификација на факти, со кој најбрутално е нападнат кредибилитетот на новинарите, ќе ја алармира целата меѓународна заедница.

Основната идеја на лустрацијата беше да спречи соработници на тајната полиција, кои заради политички и идеолошки причини кршеле човекови права и слободи, да извршуваат јавни функции. Просто е неверојатно што Комисијата за верификација на факти досега не откри ниту еден соработник на тајните служби меѓу високите функционери на актуелната власт. Лустрација на новинари, починати лица, граѓански активисти и писатели покажува дека власта ги крие вистинските соработници на тајните служби, стои во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР