ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Од:

Здружението на новинарите на Македонија во денешното соопштение ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и останати против Република Македонија“ поврзана со настаните од 24 декември 2012 година кога новинарите беа отстранети од галеријата на Собранието на Република Македонија.

Пресудата на Европскиот суд, како што велат од ЗНМ, констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за човековите права и тоа: Правото на слобода на изразување од член 10 и правото на фер судење од член 6 од Конвенцијата.

– Оваа пресуда е прва со која се утврдува повредата на слободата на изразување и е многу важна за демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Истовремено, пресудата е и победа на новинарската заедница која покажа дека за правда секогаш вреди да се бориме. Правдата можеби е спора но секогаш победува, се вели во соопштението од ЗНМ.

Според ЗНМ, пресудата придонесува во Македонија да се создаде правна култура и да се афирмира принципот на почитување на основните човекови права и слободи.

– Оваа пресуда претставува доказ дека институциите во Република Македонија потфрлија во исполнување на својата основна задача да ги штитат и промовираат човековите права, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он