ЗНМ: Горан Петрески е пример за непрофесионално и неетично однесување за еден новинар

Од:

Здружението на новинари остро го осуди непрофесинализмот и неетичното однесување на одговорниот уредник на информитавината програма на МРТ, Горан Петрески.

Гости во неговата дебатна емисја беа дежурните критичари на СДСМ, Мирка Велиновска, Драган Павловиќ-Латас и професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева.

Соопштението на ЗНМ ви го пренесуваме во целост:

„Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува бруталната манипулација на јавниот сервис Македонската радиотелевизија за дневно партиско-политички потреби. МРТ се финансира од радиодифузна такса на граѓаните и треба да служи на јавниот интерес.

Дебатната емисија емитувана во живо во недела во 20 часот водена од одговорниот уредник Горан Петревски, каде тема на разговор беше аферата Пуч, е типичен пример на неприфесионално и неетично однесување на еден новинар, кој работи во јавен радиодифузен сервис.

Место дебатата да послужи како можност јавноста да добие дополнителни информации и анализи за оваа актуалена тема, разговорот се претвори во едногласно навивање за партијата на власт.

Со ваквата емисија, уредникот Петревски ги прекрши основните стандарди и начела предвидени во членот 111 од Законот за аудио и аудивизулени медиумски услуги за новинарите и уредниците на МРТ.

Преку селекцијата на гостите Петревски го прекрши законското начело на непристрасност и сеопфатност на информациите како и начелото за политичка избалансираност и плурализам на гледишта.

Со начинот на водење на емисијата тој го прекрши и начелото да не застапува и фаворизира ставовите и интерсите на одредена политичка партија.

Дополнителен сомнеж за целта на емисијата потикнува и фактот што емисијата не беше предвидена во програмската шема на МРТ, според која во тоа време било предвидено да се емитува спорт, метео и игран филм.

ЗНМ ја повикува Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, која е наделжна за спроведување на законот, да реагира и да не дозволи ваква брутална злоупотреба на јавниот сервис и кршење на стандардите и начелата што треба да ги почитуваат новинарите и уредниците на МРТ при продукција и презентација на програмите“, стои во рекацијата на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада