ЗНМ го повикува градоначалникот Мерко да се извини на новинарите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) повторно ги осудува јавните дисквалификации како и непримерниот однос на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко кон новинарот од телевизијата Алсат М од Охрид.

„На прес конференција која се одржа на 8-ми јули градоначалникот Мерко наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со обвинувања од опозицијата а претходно и прашања околу изградбата на објекти кај автокампот Ливадиште, повторно вербално ги нападна новинарите. Тој го обвини нашиот колега дека работел за опозицијата со зборовите: „Знам дека и ти си Алијанса и твоето прашање не оди тука“ откако претходно му беше поставено новинарско прашање.

Ова е втор јавен инцидент со новинари на градоначалникот Мерко за помалку од месец земајќи во предвид дека неодамна колешка од телевизија Алфа грубо ја навреди на прес конференција на која повторно се поставуваа прашања за градби на брегот на Охридското езеро во струшкиот регион“, се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.

ЗНМ информира дека за како што велат, константниот недоличен однос на градоначалникот Мерко кон новинарите, ќе ја извести меѓународната заедница и ќе побара од локалните новинари да не ги проследуваат прес конференциите во организација на општина Струга доколку тој не се извини за својот однос кон нашите колеги.

„Потсетуваме дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од страна на граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај лична пресметка на јавни настани не може да биде оправдана“, соопштува ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада

ЗНМ: Реакција до Претседателот на Собранието за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните