ЗНМ бара оставка на Пешевски

Од:

„Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар. Насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата и демократијата.

Жртви на тоа насилство не се само новинарите, туку и самите граѓани, кои имаат право да се информираат од медиумите како нивните претставници ја практикуваат власта.

Вицепремиер очајнички се обиде со тупаници да замолчи новинари да не поставуваат незгодни прашања на власта и насилно да ја ограничи слободата на медиумите.

Го повикуваме Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка затоа што веќе е недостоен да извршува таква висока функција во владата.

Очекуваме државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да покрене постапка против Пешевски заради физичкиот напад врз новинарот Ивановски.

Од друга страна, ЗНМ го оценува како скандалозно соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод нападот врз Ивановски, со кое се легитимира насилството како средство за справување со новинари. Македонската јавност од функционерите на власта очекува одговори на поставените прашања, а не тупаници против новинари кои поставуваат прашања“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада