ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

Од:

СДСМ продолжува со реториката на повторување на тезите, мислејќи 100 пати повторената лага ќе стане 100% вистина. Овој концепт е начинот на кој функционира оваа партија повеќе од 10 години и резултатот од таквите политики се видливи денеска, руинирана, без идеја, идеологија, партија заглавена во калта на минатото.

Како што би рекол нивниот градоначалник од Струмица: “Заглавени се во замка на безидејност, политички кукавичлук и целосно отсуство на визија за тоа што треба да биде современа социјалдемократија – по вертикала и по хоризонтала. Практично, со ваков начин на одлучување и со таков партиски рефлекс, СДСМ не е пред егзистенцијална криза туку е веќе длабоко заглавена во неа. И не само егзистенцијална туку и лидерска, идеолошка, и политичка…”

СДСМ може напразно да обвинува за било што, но во овој случај формално-правно работите се многу јасни, Јавното обвинителство донесе одлука да се повлече обвинението против градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски затоа што нема основа и докази за кривична одговорност за злоупотреба на службената положба.

СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори. Најголемата опасност ја гледаат во Движењето ЗНАМ за наша Македонија затоа што вистинските социјалдемократи, со чест и углед се’ помасовно се приклучуваат на ЗНАМ, впрочем резултатите ќе се видат на следните локални избори. Нашите политики се позитивни во интерес на граѓаните, проекти за инвестиции, напредок и развој на општините во Македонија, и тоа го докажуваме со нашата работа на терен заедно со граѓаните, преку нашата втора кампања “Со срце за нашата општина “, наведуваат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните