„Добро дојдовте во грчката Македонија“, „Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“, „Македонија е грчка“.
Со вакви провокации членови на ултардесничарската грчка партија Златна зора во изминатите денови ги пречекувале македонските туристи на двата гранични премина Меџитлија и Богородица.
Засега нема реакции од грчките власти и јавоста. Единствено солунскиот весник „Македонија“ ги осудил екстремистите на насловната страница објавуваќи текст со наслов „Златна зора, закана за туризмот“.
– Ваков вид на екстремизам сигурно е дека ќе биде голем удар за туризмот во Северна Грција, каде што во овој момент се забележува зголемен бран туристи колку од ПЈРМ, толку и од балканските земји. Многу семејства од соседната земја, не ја криеа нивната загриженост, гледајќи ги групите Златнозорци да извикуваат слогани, навреди и закани“, коментира солунскиот весник.