Златко Марин: Нова пречистителна станица во Ново Лисиче и проширување на градинката

Од:

Проширување на капацитетот на детска градинка и нова пречистителна станица за решавање на проблемот со отпадните води во Ново Лисиче се меѓу главните ветувања на Златко Марин за жителите на оваа населба.

Миризбата која се чувствува од реката и претесната градинка долги години ги мачат граѓаните и тие ќе бидат приоритет, вели Марин и вети и нов пазар, замена на старите дотраени азбестни кровови и проширување на булеварот „АСНОМ“.

Во програмата на Марин е предвиден и пакет за миленици кој е барање на граѓаните, но и нов општински стационар со кој конечно ќе почне да се решава проблемот со уличните кучиња.

Во соработка со Град Скопје и централната власт, Марин ветува решавање на проблемот со загадувањето, кој во овој дел од населбата е особено изразен, а воздухот речиси отровен во зимските периоди.

Тој ја критикува локалната власт дека со години не се посветуваше на горливите проблеми туку се фокусираше само на нови градби и згради кои дополнително го влошија квалитетот на животот во општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат