Зијадин Села во судот треба да се соочи со напаѓачите од Собранието

Од:

Во кривичниот суд денеска продолжува рочиштето за напаѓачите на пратеникот Зијадин Села. Според динамиката на судење, на денешното судење се очекува да сведочи токму Села, кој во судницата треба да говори пред десеттемина обвинети за обидот за негово убиство. Села е трет сведок кој како оштетен треба да се појави пред судот.

Минатото судско рочиште траеше седум часа, а беа испрашани двајца сведоци. Првиот сведок во случајот, Орданче Соколовски, кој е вработен во фирмата што ги поставувала камерите во Собранието, рече дека ги вадел снимите од камерите на 28 април, во присуство на инспектори од МВР кои имале налог од Обвинителството. Тој рече дека не ги гледал снимките, затоа што ги зеле инспектори од МВР. Вториот сведок ја смени изјавата и даде спротивен исказ од оној даден во истрагата за тоа што видел во Собранието на 27 април лани. Обвинителот Јакимовски по ова побара и доби дозвола од судот да го потсети сведокот што сведочел во истрагата.

На обвинителната клупа повторно ќе седнат обвинетите Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, како и Кире Ѓоргиевски и неговиот татко. Последните двајца беа уапсени во мај лани, како осомничени за физички напад и влечење на Села кој потоа во критична состојба заврши во болница.

В. М.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати

ВРЕДИ: Села и Лога имаат време до сабота да се предомислат