Зидвест прес: Преговорите со ЕУ или мнозинство во Центар? Груевски ќе избере мнозинство во Центар!

Од:

Германскиот портал „Зидвест прес“, во статија посветена на состојбата во која се наоѓа Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО констатира дека земјава никогаш не била подалеку и во позагрижувачка состојба со децении наназад.

„Кандидатот за членство во Европската Унија, Македонија за првпат прави големи чекори,  но наназад од Европа, наместо кон Европа“, пишува Зидвест пресе.

Во статијата се опишува состојбата со слободата на медиумите во државава и апсењето на новинарот Томислав Кежаровски и загинувањето на Никола Младенов.

На крајот на мај беше упасен новинарот на весникот Нова Македонија. На Томислав Кежаровски му беа ставени лисици на рацете пред неговите деца, а потоа беше така сликан пред телевизиските камери додека го пренесуваа во притвор. На почетокот на април Кежаровски објави текст за нецелосно неразјаснетите околности за смртта на 49 годишниот Никола Младенов, кој се смета за предвесник на слободното новнарство во Македонија. Тој кон крајот на март загина во фатална сообраќајна несреќа со неговиот автомобил. Не постои ниту еден сведок за тоа што се случило. Неколку дена по загинувањето  на Младенов, Кежаровски истражуваше на  местото на несреќата и пронајде неколку сметки од патарините, што отворија дополнителни дилеми.

Според медиумот случајот со 48 годишниот Кежаровски правно е сомнителен. Тој објавил статија за заштитен сведок од  пред пет години и со тоа никому не наштетил. Сведокот во меѓувреме признал дека не ја говорел вистината и дека во времето кога Кежаровски ја цитирал изјавата воопшто не бил заштитен. Но и покрај се, Кежаровски веќе шест недели е во притвор. Прво му беше определен едномесечен притвор, а потоа му беше продолжен.

Во статијата се наведува дека синдикатот и Здружението на новинарите протестираа против ваквиот однос на судската власт, но и за намерата на премиерот Груевски со нов закон да воведе регулаторно тело кое ќе издава лиценци и ќе изрекува парични казни за сите медиуми ако тие ги кршат „интересите на граѓаните“.

„Владата прави напори ниту еднаш да не биде изложена на критики. Западните дипломати се жалат дека не се информирани и дека не им се овозможува пристап до политичките затвореници, како што е случајот со српско охридскиот владика, Јован Вранишковски, кој издржува затворска казна за наводно даночно затајување. Невладинит организации се жалат на политички притисок, а комапниите се мета на инспекциите доколку не покажат дека и се верни на власта. Инвеститорите се повлекуваат, а животниот стандард продолжува да паѓа“, пишува во статијата.

Во Брисел како што пренесува порталот, во  меѓувреме почна дискусијата за одземање на кандидатскиот статус на  земјата со два милиони жители, а премиерот Никола Груевски, кој е на власт веќе седум години,е релаксиран пред ваквата закана.

„Европските земји „можат да ни земат се’ што ни дале, но не можат да ни ја земат душата“, изјави Груевски минатата недела во интервју за дневниот весник „Дневник“.

Тој во дневниот весник ги набројуваше успесите и достигнувањата што Македонија ги достигнала без ЕУ и НАТО, меѓу кои е и визната либерализација од 2009 година. Со ваквите изјави тој изгледа сака да ги подготви Македонците за неуспех на амбициите за влез во ЕУ, пишува германскиот медиум.

„Македонија има кандидатски статус за влез во ЕУ  од 2005 година, но досега преговорите не се започнати поради ветото на  Грција поради спорот со името Македонија. Грција не сака бившо-југословенската земја  да се нарекува Македонија, како што се именува  регионот од Солун до грчката граница. Обидите за посредување се без успех не само поради цврстиот став на Атина, туку и поради недостигот за компромис од страна на Македонија. Повторно и повторно Скопје ги иритира соседите со култот на Александар Велики, за кого Грција смета дека нејзе и припаѓа.

– Скопје  се претвора во парк на храмови и скулптури и веќе  наликува на претставите на класична Атина од учебниците.За застојот во преговорите за името Груевски  ја обвинува опозицијата во неговата земја, којашто со попустливоста во овој конфликт според него и дава лажна надеж на Атина.  Опозициски политичар, кој сакаше да остане анонимен, целата ситуација ја сведува на следното: „Доколку Груевски би можел да избира меѓу брз почеток  на преговорите со ЕУ и превласт во Советот на општината Центар, тогаш сигурно ќе се одлучи за мнозинството во Општина Центар.“, пишува во текстот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он