Зибери: Трајковски и Имери оставија наследство кое треба да го негуваме

Од:

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери и одаде почит за нивниот придонес.

-Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата, посочи Зибери.

Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи притоа дека како земја мора да го негуваме надградуваме ова наследство, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу етничките заедници.

-Како Претседател на земјата, под покровителство на Борис Трајковски се одржуваа политичките преговори при креирањето на Охридскиот рамковен договор, а како претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери беше еден од четирите политички претставници кои ги водеа преговорите и на крајот беа потписници на Договорот, додаде Зибери.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански