Зибери се залага за задолжителни часови по албански јазик од петто одделение

Од:

Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери изјави дека негова заложба во првите 100 дена на функцијата ќе биде да работи на подобрување на иднината на младите и на воведување на задолжителни часови по албански јазик во основните училишта, од петтото одделение.

– Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го направиме задолжително предучилишното образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина, рече Зибери при денешната средба со наставничкиот кадар во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир.

а неговата заложба за воведување на задолжително изучување на албанскиот јазик од 5-то одделение, Зибери рече дека Законот за јазиците е донесен во Собранието и оти сега веќе албанскиот јазик е официјален јазик во земјата.

– Ова е најважното достигнување за нас Албанците, истакна Зибери.

Toj вети и зголемување на платата на наставниците на 600 евра со што, како што рече, ќе се валоризира нивната работа.

Заедно со Зибери, денеска во Чаир беше и носителот на кандидатската листа на ДУИ во Втората изборна единица Арбр Адеми, кој најави инвестиции во образовната инфраструктура, изградба и реновирање на градинките и училиштата во албанските населби.

– Да изградиме еднаква инфраструктура, училишта и модерни градинки, дури и во населбите
што се изоставени во однос на инфраструктурата долги години, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ