Жителите на Ваташа против сечењето дрвја кај манастирот „Свети Никола”

Од:

Жителите на Ваташа се против сечењето дрвја од имотот на манастирот „Свети Никола”.
– Имаме информација дека црковниот одбор на манастирот сака да изврши сеча на 200 до 300 кубни метри дрва за огрев за што има одлука и поднесено барање до подружницата на „Македонски шуми” во Кавадаарци. Апелираме да не се прави тоа зашто се работи за земјиште подложно на лизгање. Неговото соголување ќе овозможи услови за создавање свлечиште кое по големите дождови многу реално е да се активира, се вели во пiсменото обраќање од месната заедница до медиумите испратено денеска.

Од месната заедница нагласуваат дека манастирот е под заштита на државата.

– Ерозивноста на подрачјето околу манастирот говори за нешто многу сериозно. Граѓани кои на времето го пошумувале зборуваат дека тоа е направено токму поради ерозивноста. Се прави еколошка катастрофа, а посетителите на манастирот ја губат идиличната природна слика за околината на „Свети Никола”, реагира селската месна заедница.

Од подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци знаат за иницијативата на манастирскиот одбор, но и за реакцијата на месната заедница Ваташа.

– Станува збор за терен кој е подложен на ерозија и затоа таму во минатото бил засаден шумски појас. Поради ерозивноста, засега нема да биде идадена дозвола за сеча. Ќе се дозволи сеча само на пет кубни метри, дрва склони кон паѓање, дециден е директорот на “Бор” Ристо Маркушев.

Црковни извори се категорични дека станува збор за манастирски имот и дека со него не раководи месната заедница ами старешината и црковниот одбор кои се грижат за тој имот.
– Никој нема право да се меша во црковни работи. Ги почитуваме луѓето од месната заедница но тие претежно не се верници. Верниците доаѓаат, ги знаат потребите на црквата и го почитуваат старешината, велат црковни извори.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска