Слупчане останува недостапно за ЕВН, втор ден закани по животите на екипите

Од:

Втор ден по ред, екипи на ЕВН добиваат закани по живот во кумановското село Слупчане додека се обидуваат да започнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

Толпа од 200 селани на организиран начин го блокираат влезот на селото и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат.

Од ЕВН за „А1он“ го потврдија случајот и додадоа дека за ситуацијата ќе го информираат Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни институции.

“Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа.” информираат од ЕВН.

Оттаму дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он