Жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците на ЕВН, неколку села без струја во липковско

Од:

По денешната блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на ЕВН, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце се уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект“, потврдија од ЕВН Македонија за „А1он“.

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „А1он“.

Пред околу 3 недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Жителите на кумановското село Слупчане, при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто