Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

Од:

Во подпланинското село Моин немаат редовно вода, а и таа што ја добиваат е нечиста.

Жителите на гевгелиското село Моин се најблиску до бунарите од водоводниот систем на Гевгелија, но тоа не им е предност во однос на испораката на водата и квалитетот. Велат, иако е отровна, со арсен, ја немаат редовно во домовите ниту за основна хигиена.

– „Можеш да се разбудиш во пет часот наутро за работа, а да не можеш да си измиеш очи за да се расониш, а не пак да се истушираш. И таа што ја добиваме ја добиваме нередовно, а исто плаќаме и тој што нема дома вода, и тој што си го полева лозјето во дворот“, се жали жител на Моин.

– „За квалитетот да не зборуваме. Нашиот бунар е отворен за разлика од бунарите за Гевгелија. Еј, сум видел таму и гаќи, и жаби, и умрени птици. Што пиеме бре луѓе знаете ли?“, загрижено прашува помлад жител на Моин.

Ваквата дискусија за квалитетот на водата меѓу моинчани се разви синоќа после презентацијата на документарниот филм „Арсеновиот пат од бунар до чешма“ што го реализира Граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ и Здужението на граѓани „Патокази“ во рамките на програмата за граѓанско општество на УСАИД, а помогнато од ФООМ.

Проекцијата на отворено во дворот на локалната селска продавница привлече многу љубопитни жители на Моин, особено по првите кадри од документираните акции на „АРСЕНА“ во с. Моин.

Покрај нередовната испорака моинчани се жалат и на неквалитетната вода. Знаат за присуството на отровниот арсен, знаат дека многумина од селото страдале и починале од карцином, но се жалат дека најголемиот број од жителите имаат проблеми и со болести на забите. Важат на граѓани со висок процент на стоматолошки проблеми. За каков причинител се работи и дали е тоа од водата, претставниците на „АРСЕНА“ им предложија на граѓаните на Моин дека следната анализа за квалитет на вода ќе ја направат на примерок вода од Моин.

– Ако е ваква водата, а анализите велат дека е отровна тогаш зошто да му ја плаќаме на „Комуналец“? прашуваат моинчани изненадени и ревносни од фактот што го дознаа на презентацијата на документарниот филм дека арсенот го примат во своите домови речиси четири години и го плаќаат отровот заедно со сметките за вода како да е чиста вода.

Од „АРСЕНА“ најавија петиција за заштита на потрошувачите кои се приклучени на градскиот водоводен систем од обвските да плаќаат за чиста вода, а дома да им испорачуваат низ чешмите отровен арсен.

– Бунарите се незаштитени од канализациониот отпад. Во селото има 70 куќи и сите уште имаат септички јами. Пред некој месец овде Општината започна градба на фекална канализација, ама истата ја поставија на 20 сантими од водоводната мрежа, а згора на тоа и се’ уште не е пуштена во функица. Вака се загрозени и водите на конска река, и бунарите и сегашниот водоводен систем, се жалат моинчани.

Од средбата беа поддржани заложбите за итно решение на проблемот со квалитетот на водата: „Или да ни најдат нови извори, или да ни купат деарсенификатор“ побараа жителите на Моин од локалните власти.

Би можело да ве интересира

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Герила акција: Нови бунари на Вардар

Емир Латифовиќ

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија