АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Од:

Со донаторска акција на чиста вода и пригодни флаери за информирање на граѓаните за квалитетот и безбедносниот карактер на водата од градскиот водовод во Гевгелија денеска активистите на Граѓанската иницијатива АРСЕНА го одбележаа Меѓународниот ден на семејстовот, 15 мај.

„Семејството е основна органозациона единица во општеството. Потребна му е заштита, помош и поддршка од сите членови, но и од општеството како целина.

Семејството е заштитено од Обединетите Нации со Универзалната Декларација за човекови права. Елементарно човеково право според Обединетите Нации е правото за чиста и здрава вода за пиење

За здрави семејства потребни се здрави ресурси на живот – вода, воздух, почва.
Гевгелија веќе четириипол години се соочува со забранета вода за употреба од страна на човекот поради енормо високи концентрации на арсен, познат во науката како отровен металоид и причинител на сите видови канцерогени заболувања кај човекот.

Светската Здравствена Организација пропишала дека во концентрации над 10 микрограми на еден литар вода (10 μg/1L) арсенот е штетен по здравјето на човекот. Последните анализи направени во меѓународно лиценцирана лабораторија во Солун, Грција укажуваат на присуство на 18 микрограми арсен во водата што ја користат гевгеличани, 17,7 микрограми арсен во водата со која се снабдува Богородица, 16,9 микрограми арсен во водара што ја добиваат преку градскиот водоводен систем жителите на гевгелиското село Моин.

Акцијата има за цел да им укаже на граѓаните дека се’ уште треба да применуваат мерки на самозаштита, да употребуваат чиста индустриски третирана пакувана вода, а кон институциите на локалната и централната власт да упати апел за брзо решавање на проблемот со обезбедување чиста вода за гевгеличани и населените места од општината.

Последиците од негрижата на одговорните одат на штета на нашето здравје. Затоа гевгеличани бараат ЧИСТА ВОДА ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ за да имаме семејства што ќе бидат дом на нашето срце и животна среќа“ се вели во соопштението на Граѓанската иницијатива АРСЕНА.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он