Герила акција: Нови бунари на Вардар

Од:

Тимот на Урбани уметнички акции заедно со активисти од граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ денеска поставија бунар во ревирот на Вардар. Ова е локацијата каде што пред две години и осум месеци Општина Гевгелија започна ископ на нови бунари за водоснабдување на Гевгелија како решение заради забраната за користење на постојните бунари кај Моин поради енормното количество на отровниот елемент арсен.

Тогашните локални и државни функционери најавија дека за девет месеци гевгеличани ќе пијат чиста вода.

Од новите бунари абер нема. Со поставувањето на уметничката инсталација – бунар со чекрек и лимена кофа за вода, граѓанските активисти сакаат да укажат на неостварените ветувања од властите во пресрет на предизборието тогаш во 2014 година (претседателски и вонредни парламентарни) и актуелното предизборие за вонредни парламентарни за 2016 година.

Гевгеличани уште чекаат чиста вода за пиење. Со последните меѓународни анализи гевгеличани пијат 113% повеќе арсен од здравствените граници на СЗО.

Општината Гевгелија најави тендерска постапка за ископ на нови бунари во ревирот кај Вардар и изградба на цевковод кај Мрзенски рид, но со денешната одлука за распишување на избори сите постапки околу трошењето на јавните средства се ставаат во мирување. Бунарите ќе почекаат.

За утеха останува само сликата на рустикален бунар од старите времиња.

Би можело да ве интересира

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија

Институтот за јавно здравје на РМ ги затвори вратите за гевгелискиот арсен

Емир Латифовиќ