Жител на скопско со нож нападнал полицајци

Од:

Жител на скопското село Страхојадица вчера бил уапсен откако физички нападнал полицајци, користејќи остар предмет, соопшти МВР.

„На 18.07.2021 околу 18.40 часот во с.Страхојадица, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Ќ.(37) од с.Страхојадица, затоа што физички, со употреба на остар предмет, нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, се вели во полициското соопштение.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе

Случајот против 13 полицајци од Кочани продолжува: Одбиено е барањето за изземање на судијка поротничка

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам