Жестоки реакции по владината одлука да се затворат македонските ски-центри

Од:

Во јавноста има остри реакции откако Владата на последната седница донела одлука со која забранува функционирањето на ски центрите, поради коронавирусот.

Во Службен весник број 263 од 4 ноември 2020, член 13 точка 10 е наведено „Се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри”.

„Избори со 1.200 заразени дневно може, а чист воздух и спорт во природа не може, имате ли компас каде терате, дека со вакви мерки правите поголема штета и од штетата од самиот вирус“, пишуваат голем број љубители на зимските спортови кои очигледно годинава нема да можат да си го приуштат задоволството да скијаат на македонските терени.

„Ве молам затворете секаква можност за чист воздух и рекреација. Да останеме по градовиве, каде не сте во можност да ни обезбедите ниту чист воздух“, пишува еден од незадоволните од владината одлука.

„Иако за наша среќа располагаме со ски центри и ски опрема која сама по себе е изолирана веќе 40 години наназад, каде сакал, не сакал, мораш сам да се возиш на столче затоа што е едно, дистанцата и онака е голема затоа што секоја втора клупа и котва е сомнително нефункционална, па автоматски со друг скијач на лифт сте барем на 100 метри дистанца. Имајќи ја предвид оваа реалност, во која ниту еден ски центар не располага со големи шестоседи и гондоли, а луѓето се возат сами на лифтови, Владата треба да ја преразгледа мерката за функционирање на ски центрите. Кои се опциите?

Секако опции нема многу, а протоколот и редот ќе мора да се почитуваат максимално прецизно.

Една од опциите за да им се дозволи на луѓето да излезат на чист воздух и сонце е функционирање на лифтовите без останатата пропратна инфраструктура, ресторани, бачила и слично. Тоа ќе го намали групирањето на одредени точки. Ски картите би се продавале онлајн, а контактот ќе биде сведен на минимум. Ски бусевите ќе треба да се исклучат од примена, а превозот би бил само со сопствени возила“, велат од „Ски Македонија“.

Александар Атанасовски тренер на алпскиот скијачки клуб СКАДИ од Скопје кој повеќе од два месеци со скијачиот тим тренираат на глечерот Хинтертукс во Австрија за „Ски Македонија“ изјавува:

„Сметам дека има простор домашните ски центри да се остават да работат. Нашата инфраструктура го дозволува тоа. Конкретно ски центри со слична инфраструктура како Маврово немаат никаков проблем во Австрија или Италија. Во Хинтертукс каде што сме ние постојат засилени контроли на гондолите и железничкиот сообраќај односно возовите. Шестосед и четворосед жичниците возат без застој со соодветно растојание. Апартманското сместување нема никаков проблем, освен поголемите рестрикции во хотелите. Некои од алпските ски центри затворија привремено или се спремаат за зимски рестарт според стандардни шеми премин од летен режим во зимски режим на работа. Дел од нив ја намалија фрекфенцијата за да се заштита од моменталнито covid бран, но планираат да отворат во декември. Повеќето глечерски центри како Pitztal, Moelltal, Val Senales, Kaunertal , Zermatt, Saas Fee функционираат. Но, кај нив контролирањето е многу покомплицирано заради големата инфраструктура, гондоли, шестоседи итн. Тоа не е случај кај нас, ние таква инфраструктура немаме, се возиме сами, барем оставете да не дува ветерот на раат!“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска