Жерновски-Винтон: Потребна е заедничка акција за подобрување на човековите права

Од:

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи, Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ја прими Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.

Состанокот беше во функција на информирање и консултации во однос на претстојното 73-то Генерално Собрание на Обединетите Нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 24 до 28 септември оваа година, а на кое Жерновски ќе ја претставува Република Македонија како дел од македонската делегација.

Винтон ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализацијата на насилен екстремизам и тероризам, профелирација на оружје за масовно уништување како закана за светската безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.

Жерновски истакна дека Македонија е силен подржувач на мултилатерализмот и дека ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации, со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.

На состанокот стана збор и за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно–политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот.

„Убеден сум дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста на одлука пред која сме исправени, а со приближување на денот на Референдумот, поддршката за евроатлантската иднина на земјава ќе расте сѐ повеќе“ потенцираше Жерновски на состанокот. „Ова е неповторлива шанса и сите обединети мора да се вложиме за да и помогнеме на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нашите аспирација за членство во ЕУ и НАТО“, заклучи Жерновски на состанокот.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски