Жерновски ќе тужи: Не сакам моите деца да мислат дека татко им е криминалец

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски коментира за нападите врз него од новинар на неделникот „Фокус“. Жерновски тврди дека наводите во текстот не се точни.

„Всушност, ова е прилично едноставна работа: Вие како новинар на „Фокус“ тврдите дека е направена повреда во тендерската постапка (читај: направен е криминал), а јас тврдам дека не е така и дека податоците Ви се целосно погрешни.

Сметам дека е сосема нормално и природно да реагирам и да се одбранам кога ме напаѓате (патем и клеветите), зарем не?

Едноставна е затоа што ќе се видиме на суд и тој ќе процени кој лажел. Она што е нерамноправно е фактот дека јас Ве „напаѓам“ со тоа што кажувам дека не сте во право, а Вие ме напаѓате дека има криминал и дека работам незаконски.

Има разлика, зарем не? Нерамноправно е кога Вие во рацете имате насловна страна, а јас морам да демантирам на Фејсбук и на портали.

Има разлика, зарем не? Затоа, уште еднаш, спремете се за судско рочиште. Вчера Ви објаснивме каде точно Ви е клеветата, а и огромната (се надевам, не и намерна) грешка во текстот и во „анализата”, и тоа ќе Ви помогне да се спремите со дополнителни материјали.

Финансиски средства нема да барам, тоа е карактеристично за една друга група на политичари кои до вчера беа на власт, туку само ќе барам на Суд да се извините јавно, на истиот простор каде што го објавивте Вашиот текст. Ништо повеќе.

Јас имам фамилија, и не сакам моите деца да мислат дека татко им е криминалец. Во тоа име, ќе се борам до крај“, напиша градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски